Прогноза за 11.06.2023
Претпладне променливо облачно со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.
Минималните температури ке се движат од 9 °C до 18 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 17 °C до 28 °C
Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.