Прогноза за 10.06.2023
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 18 °C, додека максималните ќе бидт во распон од 19 °C до 30 °C
Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.