Прогноза за 09.06.2023

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималние температури ќе се движат од 9 °C до 17 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 21 °C до 30 °C

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author