Прогноза за 08.06.2023
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 16 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 °C до 30 °C
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.