Прогноза за 02.06.2023
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 8 °C до 14 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 18 °C до 29 °C.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината и услови за изолирана појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.