Прогноза за 30.05.2023

Претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Утринските минимални температури ќе се движат од 8 °C до 14 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 °C до 27 °C.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author