Прогноза за 28.05.2023
Претпладне сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Утринските минимални температури ќе се движат од 8 °C до 15 °C, додека максималните денски температури ќе бидат во интервал од 18 °C до 28 °C.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.