Прогноза за 25.05.2023

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринсиките минимални температури ќе се движат од 7 °C до 14 °C, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 18 °C до 29 °C.

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author