Прогноза за 04.05.2023

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималните утрински температури ќе се движат од 4 °C до 11 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 10 °C до 20 °C.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author