Прогноза за 02.05.2023

Претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринските минимални температури ќе се движат од 5 °C до 11 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 11 °C до 21 °C.

Во Скопје претежно облачно, во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author