Прогноза за 20.04.2023

Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 0 °C до 8 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 11 °C до 22 °C.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author