Прогноза за 12.04.2023

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од 0 °C до 8 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 9 °C до 20 °C.

Во Скопје променливо oблачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author