Прогноза за 12.03.2023

Наутро променливо облачно, во текот на денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од -3 °C до 7 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 8 °C до 14 °C.

Во Скопје сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author