Прогноза за 26.02.2023
Променливо облачно и релативно топло. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта, кога ќе се прошират и локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/ч).
Минималните температури ќе се движат од 4 °C до 10 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 10 °C до 20 °C.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло со засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.