Прогноза за 31.01.2023

Променливо облачно, локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец.

Минималните температури се движат од -6 °C до 2 °C додека максималните ќе бидат во интервал од -1 °C до  9 °C.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author