Прогноза за 14.01.2023
Променливо облачно со повремен локалeн слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег, претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од -4 °C до 3 °C, додека максималната ќе се движи во интервал од 2 °C до 10 °C.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северен правец.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.