Прогноза за 18.11.2022

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат од 4 °C до 10 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 11 °C до 19 °C.

Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот денот со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author