Прогноза за 16.11.2022

Променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од 1 °C  до 7 °C , додека максималните ќе се движат во распон од 9 °C до 17 °C.

Во Скопје претежно облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер.

Соопштуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author