Прогноза за 05.11.2022

Променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 3 °C  до 11 °C , додека максималните ќе бидат во интервал од 13 °C до 22 °C.

Во Скопје претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author