Ефектот на алкохолот врз една личност зависи од многу фактори – пол, метаболизам, телесна тежина, видот на алкохол кој се внесува во организмот, стресот на кој сте изложени.

Конзумирањето алкохолни пијалоци ќе ги одврати повеќето луѓе од возење, но се поставува прашањето колку долго алкохолот ќе остане во нашето тело, односно кога нема да пречи во возењето и безбедноста.
Голем број на возачи веруваат дека се способни да возат кратко време откако ќе испијат алкохолен пијалок, но секако тоа не е точно, со оглед на тоа што алкохолот се задржува во нашиот организам одреден временски период, а прекумерната самодоверба во овој случај може да предизвика бројни, понекогаш фатални, несреќи, последици.

Според податоците, во Велика Британија во периодот од 5 до 11 часот, четвртина од возачите запрени поради возење во пијана состојба се казнети (во Велика Британија возењето под дејство е над 0,8 промили, а кај нас 0,5), што вели дека алкохолот се задржува одредено време во нашиот организам и затоа возачите не се подготвени да учествуваат во сообраќајот.

„Road Respect“, британска организација за безбедност на патиштата, направи студија која го следеше консумирањето алкохол и способноста да се вози под дејство. Според податоците добиени од гореспоменатата анализа, издадена е информација која кажува колку алкохолен пијалок останува во организмот, а соодветно и колку треба да се воздржи од возење.

Чаша вино (во просек содржи помеѓу 11 и 14 проценти алкохол)

Еден пијалок – 3,5 часа
Две пијалоци – 7 часа
Три пијалоци – 10,5 часа
Четири пијалоци – 14 часа
Пет пијалоци – 17,5 часа
Чаша жесток алкохол (во просек содржи 40 проценти алкохол)

Еден пијалок – 1,5 часа
Две пијалоци – 3 часа
Три пијалоци – 4,5 часа
Четири пијалоци – 6 часа
Пет пијалоци – 7,5 часа
Пиво (во просек содржи 5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 2,5 часа
Две пијалоци – 5 часа
Три пијалоци – 7,5 часа
Четири пијалоци – 10 часа
Пет пијалоци – 12,5 часа

By Author