Гизи Ерскин е позната англиска готвачка и ТВ личност, како и автор на дури седум книги со рецепти и теми за здрава исхрана. Таа смета дека здравиот начин на исхрана и е приоритет број еден. Овој пат, Гизи Ерскин, одбра здраво утринско смути, кое исто така ќе го подобри вашето расположение.
Потребно (за две лица):
сок од 4 зелени јаболка
сок од 5 круши
сок од еден лимон
1 сецкана кива (претходно замрзната)
1 авокадо, сецкано
1 лажица протеин
грст сецкан кељ
грст свежо нане
грст магдонос
Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте убаво.