Направете вкусна закуска која ќе биде подобра од онаа од продавницата
Состојки:

200 гр маргарин
1/2 кг интегрално брашно
кесичка прашок за пециво
300 гр сирење
2 Јајце
За обложување:
жолчка
сусам
крупна сол

Подготовка:
Во сад ставете го брашното измешано со прашокот за пециво и сирењето, па додајте ги 1цело јајцеи 1 белка и ренданиот маргарин. Месете го тестото додека не омекне, па ставете го во фрижидер да одмори половина час.

Расукајте ја кората дебела околу сантиметар, премачкајте ја со жолчка и посипете сусам и сол.

Стапчињата исечкајте ги со нож и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете додека стапчињата не поруменат.

By Author