Доколку ве очекува друштво, за да ја продолжите традицијата на читателскиот клуб или да уживате со соседите со ужина, имаме предлог за пијачка со која можете да ја затворите, а можеби и да ја започнете вечерта.

Вкусот повеќе потсетува на десерт на чаша, а може да го наречеме топло чоколадо за возрасни, поради присуството на рум. Се надеваме дека сте подготвени, бидејќи веднаш преминуваме на процесот на подготовка.

Состојки

  • 6 лажици несолен путер
  • 1 чаша кафеав шеќер-
  • ¼ шолји мед
  • 1 лажичка мелен цимет
  • ½ лажичка мелен ѓумбир
  • ¼ лажички мелени каранфилчиња
  • ¼ лажички мелено морско оревче
  • 2 чаши вода
  • 1 шолја рум
  • ¼ лажичка екстракт од ванила
  • стапчиња цимет, за декорација

Подготовка

  1. Растопете го путерот на умерен оган, потоа додадете кафеав шеќер и мед и мешајте додека не се раствори.
  2. Потоа додадете зачини: цимет, ѓумбир, каранфилче и морско оревче и оставете на оган уште 5 минути.
  3. Време е да додадете вода за да зоврие содржината во тенџерето. Во меѓувреме, промешајте по потреба.
  4. Пред крај, кога смесата ќе се динста, шерпата се трга од оган, се додава румот и екстрактот од ванила.
  5. Напитокот рамномерно поделете го на 4 чаши и послужете веднаш, украсен со стапчиња цимет.

By Author