Од ден на ден пронаоѓаме нови варијанти на џин-тоници кои едноставно мора да се пробаат.

А сега на ред е виолетовиот џин и тоник. Виолетовата боја има многу обожаватели. Создадена е од комбинација на топло и енергична црвена и ладно сина боја, а ги има својствата на двете бои.

Таа е една од најинтересните бои бидејќи има навистина одлични нијанси во својата палета, од нежни светли таканаречени јоргован нијанси до досадни и темни бои на модар патлиџан. Освен во плакарот, сега можеме да ја имаме на нашата трпеза во вид на вкусен пијалок кој добива боја благодарение на сирупот од капини.

Состојки (за едно лице):

50 мл сируп од капини

40 мл џин

80 ml тоник

мраз

парче лимета или смоква и гранче рузмарин за гарнир

Состојки за сируп од капини:
30 гр капини

300 мл вода

две лажици шеќер

Подготовка:
Прво направете сируп од капини. Измијте ги, ставете ги во тенџерето во кое ќе го сварите сирупот и додадете шеќер и вода. Гответе 15-20 минути на средна топлина. После тоа, задолжително процедете го сирупот низ цедалка за да се отстранат сите семчиња. Кога целосно ќе се излади на собна температура, истурете го сирупот во стаклено шише и ставете го во фрижидер.

Во чаша ставете неколку коцки мраз. Во шејкер измешајте ги сирупот и џинот па прелијте над мразот. На крај во чашата истурете тоникот. Украсете со парче лимета или смоква и гранче рузмарин или некој друг додаток по желба.

By Author