Магичната ноќ се ближи, се бираат комбинации на облека, но и адекватна шминка

За да не трчате во тоалет секој час и да не ја обновувате шминката, обрнете големо внимание на овие неколку трикови.

  1. Направете пилинг

Можете да направите пилинг од мед и шеќер, можете да користите и кокосово масло и овесна каша. Усните ќе бидат мазни, а шминкањето ќе биде многу полесно.

  1. Нанесете мелем

Ова ќе обезбеди вашите усни да ја задржат влагата и шминката да остане недопрена.

  1. Нанесете ја подлогата

Пред да нанесете кармин, нанесете течна пудра. Ова е добра тактика, која ќе обезбеди трајност на ружот неколку часа.

  1. Користете молив

Кога нанесувате молив за усни, внимавајте линијата да не е премногу тенка. Не грижете се, ќе нанесете кармин преку него и ќе добиете впечаток на длабочина.

By Author