Пченицата е основна полнозрнеста храна, а житарките од оваков вид имаат понизок глихемијски индекс, повеќе растителни влакна, минерали, витамини и се поврзуваат со низа здравствени бенефити.
Иако е многу здрава и многу вкусна варена пченица спремаме многу редко. Кога доаѓаат славите, се прави обавезно и наменски. После осветувањето се служи на гостите и на семејството,како земски поклон и благослов кој им го упатува светецот заштитник. Тој прекрасен и корисен вкус на убавото кремасто жито, нас секогаш одново не потсетува,не обврзува да го подготвуваме почесто. И надвор од славите, тоа себеси си го ветуваме,но после? После обично по старо, од слава до слава.
Состојки
500грама пченица за варење
400 грама мелени ореви
250 грама шекер
2 кесички ванилин шекер
пола мускатно оравче
рендана кора од еден лимон
пола лажиче цимет
Пченицата се вари на тивок огин додека не омекне и не напукнат зрната, потоа се цеди и се остава малку да се излади. млаката пченица се меле на покрупно во блендер или на машинка за мелење месо. Потоа се додаваат орасите ,шекерот и зачините и се добро се измешува со рака.
Пченицата може да ја сервираме во убави стаклени чиничиња и одоздора да ја посолиме со ораси