Му благодариме на г-дин Маријан за неговата долгогодишна лојалност и напорна работа“, се вели во соопштението на компанијатa.

Маријан Љубиќ од Вараждин својот 60-ти роденден ќе го памети по многу убави нешта. Имено, како што оваа година му донесе влез во седмата деценија, беше крунисана и со 35-годишнината од работата во Вараждинската компанија Ника конструкција, за што шефот „чесно“ го награди.

„Господинот Маријан Љубиќ е наш верен вработен од првиот ден – што значи дека е со нас 35 години! Честите промени во работната средина се секојдневие денес, а со тоа оваа повеќегодишна лојалност е вистинска реткост. истакна сопственикот на фирмата Звонко Кишиќ.

„Кога ќе се поклопи јубилејот со прославата на шеесетиот роденден, нема ништо подобро од тоа да се покаже благодарноста со пригоден поклон“ додал сопственикот кој на Марјан му ги врачил клучевите од автомобилот.

Му благодариме на г-дин Маријан за неговата долгогодишна лојалност и напорна работа вложена во Ника конструкции и веруваме дека доаѓањето на работа отсега ќе му биде уште попријатно и поудобно“, додаваат тие во соопштението на официјалнaта Фејсбук странана на компанијата. страница.

Во денешно време навистина е реткост некој вработен да издржи толку време во иста фирма, но кога ти е добро нема зошто да менуваш, а кога е задоволен работникот задоволен ќе биде и газдата.
Барем половина од работодавачите да се како господинот Кишиќ веројатно и вработените не би менувале толку често работна средина.

By Author