Пејачката вчера се омажи за Сем Асгари со кој е во врска подолго време, а нејзиниот прв сопруг се обиде да и ја уништи свадбата.
Тие се венчаа речиси тајно, бидејќи на церемонијата присуствуваа само мал број блиски луѓе, а меѓу гостите имаше и многу познати личности.
Асгари и Спирс се во врска неколку години. Тој е фитнес инструктор и актер.
Фановите на Бритни веруваат дека пејачката конечно е среќна со Сем.
Сепак, нивната венчавка не помина без драма.
Џејсон Александер, првиот сопруг на Бритни Спирс, е уапсен откако без дозвола и без повик упаднал во домот на пејачката во Калифорнија, неколку часа пред свадбата на пејачката, пренесува TMZ. Тој и Бритни беа пријатели од детството, а во 2004 година пејачката се омажи за него. Сепак, нивниот брак наводно траел само 55 часа, по што го поништиле.
Се чини дека тој сè уште има некои чувства кон Спирс, бидејќи тој се обиде да и го уништи бракот со Сем.
По Џејсон и пред Сем, Бритни имаше уште еден брак.
Истата година, во 2004 година, Бритни се омажи за нејзиниот танчер Кевин Федерлајн, со кој има две деца.
Медиумите будно ја следеа нивната врска, бидејќи Кевин очекуваше уште едно дете со актерката, која ја остави поради Бритни.
Двојката се разведе во 2007 година, а нејзините обожаватели уште од самиот почеток беа убедени дека Кевин имал намера само да ја искористи Бритни и се чини дека е вистина. Имено, по разводот, тој го доби старателството над децата, а Бритни оттогаш го финансира заедно со синовите.
Најбизарното е што тој и неговата нова сопруга добија деца, а сите живеат од парите на Бритни.