Бред Пит ги носи најоригиналните можни панталони.
На стилот на облекување му придава значење повеќе од кога било досега, иако одамна заслужува да биде прогласен за најдобро облечен маж на светот поради континуитетот на неговиот одличен моден вкус.
Серијата фантастични модни изданија ја продолжи вчера во Њујорк кога се појави во необични панталони од материјал сличен на оној на теди капути. Панталоните се повеќе од упадливи, а џемперот во сличен стил е малку „помек избор“. Тука е и неговиот омилен модел на лежерни чанти за рамо, како и теди капа – еден од неколкуте модели што актерот ги носи овие денови.
Некои го споредуваат со Џастин Бибер, па велат дека актерот го украл стилот на пејачот, но ни се чини дека го надминал.
На Инстаграм велат дека Бред Пит изгледа спектакуларно. Тоа е неговата моќ, каков и да е неговиот стил, тоа им се допаѓана мнозинството, а познато е дека публиката често не е наклонета ниту на најдобрите модни изданија, бидејќи во се важна улога има кој носи одредено парче облека.
Пит го снима филмот „Волци“ со Џорџ Клуни во Њујорк.