Експлозијата била со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала
Авионска бомба од Втората светска војна експлодира во Тирол, Италија.
Експлозијата, која ја снимила австриската опсерваторија за земјотреси со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, се случила на ливада.
Неколку луѓе кои живееле во околината повикале полиција. За среќа нема повредени и нема оштетувања на околните згради, а од експлозијата настанал многу чад.
Во ливадата се формирал кратер со димензии 10 на 10 метри и длабок околу три метри, јавуваат италијанските медиуми.
Пожарникарите и полицијата интервенирале со екипа кучиња за да го пребараат теренот, но било исклучено да има и други експлозивни материи.
Според прелиминарните информации, бомбата можела да експлодира поради движење на земјата поради обилните дождови.
Експлозијата е снимена од австриската опсерваторија за земјотреси со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала.