Божиќниот пост започна на 28 ноември и ќе трае до 7 јануари 2023 годин
Божиќниот пост, со кој верниците на МПЦ се подготвуваат за прославата на раѓањето на Исус Христос, започна вчера, 28 ноември 2022 година, а завршува на Божиќ, петок, 6 јануари 2023 година.
Одредени намирници често, од година во година ги збунуваат верниците, а еден од нив е медот, а многумина се прашуваат дали е посен и дали е дозволено да се јаде во овие 40 дена.
Познато е дека за време на постот се забранети вообичаените слатки како млечно чоколадо, разни видови бисквити, колачи и торти, но дозволено е да се јадат алтернативи на овие слатки. Тука спаѓаат суво овошје, јаткасти плодови, темно чоколадо, алва, мармалад, но и мед кој е дозволен да се јаде за време на постот.
Свештениците го наведуваат и примерот на светиот пророк Јован, кој користел само мед за време на големиот пост
Добро е да се знае дека медот може да им помогне на сите кои чувствуваат замор и вртоглавица за време на постот, бидејќи оваа храна на телото му дава сила и енергија. Важно е, сепак, да ја земете вистинската мерка – две лажички мед дневно, тоа е количината што ќе биде доволна за организмот да ја задоволи потребата од едноставни јаглехидрати.
Да потсетиме дека постот не значи монотона исхрана или гладување, туку урамнотежена исхрана со растителна храна. Во текот на целиот божиќен пост не се јаде месо, сирења и јајца.
Маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок, кои се пости „на вода“. Рибата се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица, дури и ако празникот паѓа во среда или петок.
Последната недела од божиќниот пост се пости построго, без употреба на риба, а по можност „на вода“. На Божиќ не се користи масло, ниту вино, но задолжително се пости „на вода“
Не треба да заборавиме дека постот не значи дека се воздржуваме само од мрсна храна, туку пред се од лоши мисли, желби и постапки.