Состојки за 30 до 40 парчиња:

300 гр обично брашно
прстофат сол
1 лажичка мелен цимет
1/2 лажичка мелен ѓумбир
1/4 лажичка мелено каранфилче
малку рендано морско оревче
70 гр шеќер во прав
1 јајце
100 гр путер
1 лажиче екстрат од ванила
2 лажици мед
1/2 лажичка сода бикарбона
1-2 лажици вода (по потреба)

Подготовка:

Загрејте го медот, додајте сода бикарбона и добро измешајте
Во поголем сад ставете го просеаното брашно, додадете малку сол, зачините и шеќерот и измешајте ги сите суви состојки.

Додадете го путерот на собна температура, јајце, ванила, мед со сода и замесете тесто (рачно или со миксер). Доколку е потребно, додадете една или две лажици ладна вода или, ако тестото е премногу меко и не можете да го обликувате во топка, додадете уште малку брашно.)

Работната површина лесно посипете ја со брашно, развлечете го тенко тестото и со калапчиња исечете форми по желба. Ако сакате да ги користите колачињата како украси за јадење за елката, на секој од нив направете мала дупка за да можете подоцна да ги закачите. Тие дупчиња мже да ги направите со широка сламка. Сеченото тесто го ставаме на плех обложен со хартија за печење и го ставаме во загреана рерна.Медењаците се печат 7-10 минути на 180°C.

Изладените колачиња можете да ги декорирате како сакате

.

By Author