Благодатниот оган се спушти во Ерусалим во храмот на Светиот гроб. Ерусалимскиот патријарх Теофил III излезе од Кувуклија, каде што се помоли за снисходење на огнот и почна да го дели на луѓето во храмот.
На свечената церемонија денеска присуствуваа значително помал број луѓе, бидејќи израелската полиција, како што беше најавено, го намали бројот на верници на кои им беше дозволено да присуствуваат денеска, на Велика Сабота.
Според израелската полиција, бројот на верници оваа година е намален на само 1.800 лица.
За споредба, во претходните години бројот на луѓе кои можеа да присуствуваат на церемонијата беше 10.000. Новите мерки, како што беше речено, се донесени за безбедноста на православните, но и на муслиманите и Евреите кои на тој ден ги слават своите празници.
Последната одлука, како што пишува Ројтерс, предизвика гнев кај верските лидери, кои претходно најавија дека затоа нема да соработуваат со властите. Тие ги обвинуваат израелските власти за кршење на правата и слободите на локалните христијански заедници. Пожалувајќи се на најавените остри мерки, рекоа дека нема да соработуваат со полицијата.
Медиумите објавија и дека полицијата го блокирала влезот во Стариот град за посетителите, меѓу кои и новинарите.