Рускиот претседател Владимир Путин оствари работна средба со кинескиот државен советник и министер за одбрана Ли Шангфу.

Кина е подготвена да ја продолжи соработката со Русија заради просперитетот на целиот свет, изјави кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

– Стоиме рамо до рамо и работиме на подобрување на благосостојбата на нашиот народ. Треба да се земе предвид дека економското закрепнување е многу бавно. На светот, потребни му се мирните односи меѓу земјите, многу неопходни… Соработката (со Русија) се развива на сите нивоа и ние ќе ја продолжиме таквата соработка за развој и просперитет на целиот свет – му рекол Шанфу на Путин.

By Author