Американскиот претседател Џо Бајден официјално ја објави одлуката за повлекување на американските сили од Авганистан.
Повлекувањето на армијата ќе започне на 1 мај. Симболично, тој датум ќе биде 20-годишнина од терористичкиот напад врз Њујорк.
Тој посочи дека со тоа ќе се стави крај на „најдолгата американска војна“.
Обраќајќи се на нацијата од Белата куќа, Бајден рече дека по нападот врз Њујорк во 2001 година, американските сили заминале во Авганистан да се справат со Ал Каеда.
„Го придружувавме Осама бин Ладен до портите на пеколот и го сторивме тоа“, но сега е време да се стави крај на оваа вечна војна“, рече Бајден.
Тој предупреди дека доколку некој ги нападне американските сили за време на повлекувањето, таа армија ќе одговори.
Тој споменувајќи го својот најстар син кој учествувал во америкнската инвзија на Ирак ккао член на Нционалната гарда, истакна колку е важно да и се служи на земјата, но тој исто така рече дека војната со Авганистан никогаш не требало да стане генерациска.
“Во последните 12 години, на картата носев со себе колку Американци беа убиени во Авганистан. Загинаа 2.488 припадници на американски трупи и беа повредени повеќе од 20.000”, рече Бајден.
Инаку, Соединетите држави и нивните сојузници го нападнаа Авганистан во октомври 2001 година, како одмазда за нападот на Ал Каеда врз Соединетите држави, планиран во Авганистан под контрола на талибанците.
Авганистанскиот претседател рече дека разговарал со Бајден за повлекувањето на американските сили и рече дека авганистанските сили се „целосно способни“ да ја бранат земјата.