Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден собира податоци за плановите на Кина да го користи дигиталниот јуан.

Американските служби предупредуваат дека со помош на дигиталната валута, Кина може да ја ослаби улогата и позицијата на доларот во светот.

Цитирајќи извори од Стејт департментот, Министерството за финансии и Агенцијата за национална безбедност, пренесува „Bloomberg“ и додава дека се активирани напори во овие и други институции и агенции за да се разберат последиците од користењето на дигиталниот јуан.

Некои американски официјални лица се плашат дека употребата на дигиталниот јуан може да стане еден елемент на долгорочен напор за симнување од светската валута, пренесува списанието, додавајќи дека САД се особено заинтересирани за тоа како ќе се дистрибуира дигиталниот јуан и дали може нивните санкциите да се заобиколуваат.

„Bloomberg“ исто така, информира дека дека Вашингтон долгорочно ги анализира последиците од циркулацијата на дигиталниот јуан врз светскиот финансиски систем.

Медиумската компанија наведува дека администрацијата на Бајден во моментов не планира никакви контрамерки против можната закана од кинеската дигитална валута.

Покрај тоа, додава дека интересот за можностите за создавање дигитален долар расте во Вашингтон и веќе се разгледуваат правни чекори во таа насока.

Кина е еден од светските лидери во развој на сопствена дигитална валута, која може да биде достапна за употреба дури и без мрежен сигнал и Интернет. Во август минатата година, Одделот за монетарна политика на Националната банка на Кина објави дека Кина спроведува затворено тестирање на дигиталниот јуан во различни градови, но дека нема одреден датум за почеток на неговото спроведување.

Европската централна банка (ЕЦБ) исто така размислува за воведување на дигиталното евро во следните пет години, но на тоа се противи германската централна банка Бундесбанк, стравувајќи дека тоа може да претставува ризик за банките.

Прифаќањето на дигиталните валути во меѓународната трговија и плаќањата зема се поголем замав и на крајот може да го загрози статусот на доларот како де факто валута на светската трговија и да го наруши влијанието на САД, сметаат многу аналитичари.

By Admin