Сопственикот на Твитер, Илон Маск, денеска започна кавга со шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на Твитер.

„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Цукерберг без други опции“, напиша Маск на Твитер, пренесува Politico.

Тој додаде дека е за „тепачка во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и тој е за тоа“.

Цукерберг одговори на Инстаграм, пишувајќи: „Испратете ми ја локацијата“.

By Author