Најмалку 31 лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во ресторан во северозападна Кина. Експлозијата се случила околу 20:40 часот по локално време во средата во Јичанг, додека луѓето се собирале за време на фестивалот на бродот змеј.

Девет лица се приведени денеска во врска со експлозијата во ресторан во градот Јинчуан, во северозападна Кина, во која загинаа 31 лице.

Меѓу приведените е и сопственикот на ресторанот „Фујанг скара“, јавија локалните медиуми, пренесува Би-би-си. Се додава дека меѓу загинатите има и неколку средношколци и пензионери.

Седум лица се лекуваат од изгореници и исеченици од скршено стакло. Претходно беше соопштено дека причина за експлозијата е истекување на резервоар за гас.

Како што јави агенцијата Ксинхуа, кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека е неопходно да се зајакне безбедносниот надзор во клучните индустрии.

Експлозиите на гас и хемиски не се невообичаени во Кина, и покрај фактот што земјата со години се обидува да ги подобри безбедносните процедури, наведува Ројтерс и потсетува дека во 2015 година, во серија експлозии во градот Тијанџин загинаа 173 луѓе.

By Author