Ова се намирниците кои ќе му помогнат на вашиот кардиоваскуларен систем да остане здрав и посилен
Здравјето на срцето е многу важно, особено ако се земе предвид дека кардиоваскуларните болести го заземаат неславното прво место по бројот на животи што ги одземаат.
Дури и ако сте млади и немате никакви проблеми, важно е да размислите за нивна превенција.Постојат одредени намирници кои можат да помогнат да се разреди крвта повеќе од другите, т.е. во спречување на формирање на згрутчување на крвта.
Ѓумбир
Ѓумбирот е одличен избор ако се земе предвид дека неговиот корен содржи гинџерол и полинезаситени масни киселини во поголеми количини. Ова, како и другите соединенија, помагаат да се намали нивото на лошиот холестерол во крвта. Покрај тоа, ѓумбирот може да помогне во разредувањето на наслагите од крвните садови.
- Домат
Овие зеленчуци кои ги обожаваме се богати со витамини Б, Ц и Е, салицилати и моќниот природен антиоксиданс ликопен.Покрај тоа, доматите содржат и големо количество железо, калиум и манган. Затоа доматите се одличен избор за вашите крвни садови и срце, но се одлични и за здравјето на целиот организам!
- Боровинка
Ова овошје е еден од најголемите природни антиоксиданси и содржи витамини А, Ц, Е, К, Б6, Б3, Б1, Б2! Не само што е добар сојузник за подобрување на вашата крвна слика, туку и се бори против слободните радикали во телото. Природните сокови, чаеви и џемови се само дел од начините на кои можете да го консумирате ова прекрасно овошје.
- Куркума
Активната состојка куркума – куркумин, има антиоксидантни и антиинфламаторни својства, па ова растение може да спречи запушување на артерии. Исто како и другите намирници што ги наведовме, куркурминот може да го намали нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ холестерол). Оваа состојка поволно делува и на опуштање на крвните садови.
- Лимон
Лимонот ги штити нашите артерии – витаминот Ц е добар сојузник за регулирање на крвниот притисок, намалување на артериските воспаленија, но и намалување на ЛДЛ холестеролот во крвта. Калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, витамин Е се само дел од многуте корисни материи во ова кисело овошје.