Трендовите на косата се предмет на промена од сезона во сезона.
Многу од фризурите не стојат баш на секого, па нашиот фаворит го наоѓаме во морето на фризури.Сепак, фризерите генерално се согласуваат дека боб е универзално ласкава фризура бидејќи одговара на секоја должина и текстура на коса, а ако имате густа коса, тогаш слоеви би биле совршени.
Модата за пролет 2022 вели да носиме светли и јаки бои , а на целокупниот изглед додаваме специфична фризура. Тука настапува се попопуларниот „микси“ начин на потстрижување, кој е многу близок до пикси фризура, а чија инспирација најмногу ја должи на Мајли Сајрус, Деми Ловато, Урсула Корберо.
Пикси фризурата не излезе од мода откако се појави, само е надградена. Ако сакате фризура која исто така е лесна за ракување, микси фризура би можела да биде идеална за вас.
Микси е остра фризура која е подолга одзади и кратка напред, како пикси. Тие се придружени со ретро шишки од 70-тите, изгледаат модерно, а на секој изглед додаваат младешки сјај.Трикот е во асиметријата, а кога станува збор за должината на косата, таа ги допира рамената. Подобар ефект се постигнува на витканата коса, но може да се стилизира и да се добие брановиден изглед и доколку имате шрава коса. Доволни се само фен и спреј за стајлинг, а целта е крајниот резултат да биде опуштен кежуал изглед.
Фризерите го карактеризираат како многу шик начин на носење на косата бидејќи пред себе имате изретчена коса која не ви пречи и го врамува лицето, а должината ја задржувате позади