Чоколадните колачи не радуваат сите, особено кога се брзо подготвени, а овој е и здрав
Состојки:
350 мл млеко
250 гр овесна снегулки
200 гр темно чоколадо
Подготовка:
Чоколадото искршете го на мали коцки. Загрејте го млекото, но внимавајте да не зоврие. Додадете го чоколадото и мешајте додека целосно да се растопи и да добиете компактна смеса. Додадете ги снегулките во тавата и енергично измешајте за да бидат добро натопени. Добиената смеса префрлете ја во тркалезна тава за колачи. Оставете го да се излади на собна температура, а потоа префрлете го во фрижидер три до четири часа за убаво да се стегне. После тоа, извадете го калапот, исечете го на парчиња со саканата големина и послужете.
Може да го послужите само него а може и со сладолед да го удвостручите задоволството.