Имено, кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска. Оваа врска започна непосредно пред веста да стигне до медиумите, но поради честите заеднички појавувања со пријателите низ градот, станала забележлива и брзо им станала позната на претставниците на седмата сила.
Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето, но единствено што сакаа е да ги потврдат овие наводи:
- Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.
Раскинувањето не беше бурно, ниту пак трето лице во средата, но двете страни сфатија дека емоциите исчезнале.