Современиот начин на живот и бројните обврски не оставаат доволно време за секојдневна подготовка на ручекот, па често истиот оброк го оставаме за следниот ден.Сепак, не сите намирници се погодни за загревање бидејќи можат да станат токсични.

Ориз

Загреаниот ориз, доколку не се складира правилно, може да предизвика дијареа или повраќање. Доколку се чува на собна температура, во него многу брзо се развиваат токсични бактерии.

Затоа, варен ориз треба да се чува во фрижидер во затворен сад. Безбедно е да се користи ако се загрее и се јаде веднаш.

Компир

Ако варениот компир се чува на собна температура, бактериите кои предизвикуваат труење со храна може многу брзо да се развијат. Веќе подготвениот компир најдобро би било да го чувате во фрижидер. Треба да се загрее во микробранова печка или на рингла.

Кромид, целер и цвекло

Овие намирници се вообичаена состојка во супите и чорбите. Меѓутоа, ако се загреат, тие можат да испуштаат токсини. Причината за загриженост се нитратите кои се наоѓаат во овие намирници. Посебно е опасно ако се загреваат неколку пати, па најдобро би било да се загрее само онаа количина што безбедно ќе се изеде.

Јајца

Без разлика дали се варени, пржени или печени, јајцата никогаш не треба повторно да се загреваат. Бидејќи се богати со протеини, загревањето може да ја промени нивната структура и да предизвика сериозни проблеми со дигестивниот тракт.

Пилешко

Исто како и јајцата, пилешкото е многу богато со протеини. Ако се конзумира загреано, може да предизвика абдоминална болка, дијареа или повраќање.

Потребно е пилешкото добро да се свари, односно да се загрее доволно долго за внатре да биде топла. Најдобро решение е да го јадете ладно во салата или сендвич.

Масла и масти

Многу масла многу брзо оксидираат, како што се маслото од лешник, маслото од орев, маслото од семки од грозје и маслото од авокадо. Ако ги користите повторно за готвење или пржење, ќе се создадат опасни транс масти.

Поточно, најдобро би било да не користите ниту еден вид маснотии повеќе од еднаш, туку веднаш по употребата да го фрлите.

Печурки

Протеините во печурките ја менуваат нивната структура кога се загреваат и затоа можат да бидат многу опасни. Исто така, не се препорачува чување на печурките на собна температура бидејќи тие можат да испуштаат токсини доколку не се чуваат на суво и ладно место, како што се препорачува. Најдобро би било печурките да се консумираат веднаш по подготовката и да не се чуваат во фрижидер повеќе од еден ден.


By Author