Компанијата Фајзер/Бионтек побара од американската Агенција за храна и лекови за одобрување за употреба на вакцината против корона вирусот за деца од 5 до 11 години.
Вакцинага на Фајзер од пред неколку месеци доби дозвола за примена и кај деца постари од 12 години, но компанијата тврди дека вакцината е безбедна за примена и кај помали дрца. Агенцијата ветила дека брзо ќе го разгледа барањето, а состанокот на кој ќе се одлучува веќе го закажале. Фајзер предлага децата да примаат 1/3 од дозата која е наменета за возрасни.
Доколку навистина дојде до одобрување на примена на вакцината за деца помлади од 12 години, тоа ќе спаси повеќе од 28милиони деца, велат од компанијата.