Во време на избори многу од политичките партии ја најавуваат инфлацијата. Што представува инфлацијата, тоа е постојан пораст на општото ниво на цените.

Стопанската комора најавува поскапување до 50% на храната до крајот на годината во случај да не интервенира владата, а од таму министерот за економија Бектеши смирува, дека немало да има поскапувања, а доколку дојде до тоа они се спремни за интерврнција.

Од друга страна од компаниите има најава за пораст на цените на струјата, горивата, гасот, секојдневно цените на основните продукти се променети, покачени, а ако тие не се тогаш променета е грамажата.

Ова е македонското секојдневие, политичките партии се препукуваат, платите на народот стојат во место, цените растат, ама инфлација нема. Од владеачката партија објавуваат дека сите показатели од девизниот курс и банкарскиот систем се поволни – дека инфлација нема да има.

By Author