Денес во 68 година од животот во Клиничкиот центар во Белград почина славниот пеач Маринко Роквич. По тој повод фамилијата и се обрати на јавноста и ја извести за причината за смрта.

“Со голема тага ја известуваме јавноста дека нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквич, утрово почина, после тешката борба со канцерот на панкреас. Фамилијата во овие неизмерно тешки моменти моли за почитување на нејзината приватнос. Деталите за датумот за одржувањето на погребот накнадно ќе бидат соопштени” – пишува во соопштението на фамилијата Роквич.

Последните години Марико најчесто ѓи минеше во кругот на фамилијата,со децата и внуците. Неговата последна објава на инстаграм е со сопругата Славица и внуците-моменти кога дедото и бабата растат со внуците стои во опис на фотографијата.

Маринко Роквич е роден на 27 јануари 1954 година во Босанси Петровац.Родителите му биле строги а фамилијата тешко живеела затоа што единствено приходи имале од земјоделие. Маринко и неговиот брат уште од мали биле многу музикални,покажувале интерес за музика и учествувале на повеќето училишни приредби.Тиј сакал да пее и свири хармоника,а покрај музиката сакал и фудбал да тренира.

By Author