Честопати не им обрнуваме доволно внимание на стапалата, иако тие се наши „носители“ во текот на животот.
Во лето нашите стапала се изложени на прашина, високи потпетици и остри ленти за сандали, додека во зима се изложени на влага поради затворените чевли (што влијае на развојот на габични заболувања на стапалата).
Еднаш неделно можете да направите купка за нозе, сами, во удобноста на вашиот дом, пишува.
Таквата купка не само што ќе ви помогне да се ослободите од непријатните мириси и грубата кожа, туку ќе делува и релаксирачки по напорниот ден, поминат на работа, шетање или во затворени чевли.
За капење ви треба:
морска или епсом сол за бања
етерично масло по желба
некои ароматични билки.
Бања за релаксација на уморни стапала со лаванда
Во топлата вода додадете грст морска или епсом сол и неколку капки лаванда, сушени цветови од лаванда или камилица. Потопете ги стапалата во бањата 20 минути.
Исушете ги стапалата со крпа и намачкајте ги со природен путер за стапала или хранлива крема за стапала.
Бања за неутрализирање на мирисот на стапалата
Во топлата вода додадете грст морска или епсом сол, шолја сушен жалфија и неколку капки есенцијално масло од еукалиптус. Потопете ги стапалата во бањата 20 минути.
Исушете ги стапалата и премачкајте ги со природен путер за стапала или крем за негување на стапалата.
Ароматична бања за нозе
Во топла вода, додадете грст морска или епсом сол, неколку капки масло од дива роза или иланг-иланг, суви или свежи ливчиња од роза и/или други цветови по желба.
Исушете ги стапалата и нанесете мирисна, хранлива крема за стапала.