За жал,потемнетиот тен по одмор не трае повеќе од неколку недели по прекинот на изложувањето на сонце.

Септември е, повеќето од нас се вратија од одмор и подготвени сме да дочекаме нови работни победи. Сепак, тоа повлекува и благо исчезнување на тој прекрасен, исончан тен кој толку многу се трудевме да го постигнеме, а благодарение на кој летово бевме уште поатрактивни и поубави.

Доколку сакате да го задржите тенот што е можно подолго, користете ги следните трикови.

Благи средства
Дајте предност на туширање наместо капење, бидејќи така го намалувате времето на изложување на дејството на водата, а со тоа се намалува и ризикот од зголемено лупење на кожата. Користете благи детергенти, по можност збогатени со состојки кои го продолжуваат и зачувуваат тенот или купете гел за туширање дизајниран за исклучително чувствителна кожа.

Ако се туширате неколку пати на ден поради екстремна топлина, користете го гелот за туширање само на стратешки места (препоните, наборите и пазувите) наместо по целото тело, а потоа добро исплакнете со млака вода.

Отстранете го хлорот
Доколку продолжите да одите на базен и по враќањето од одмор, задолжително туширајте се после капење за да го отстраните хлорот од кожата, бидејќи ја суши кожата и поттикнува лупење.

И по враќањето од одмор или ако летувате во град, едноставно секојдневно го нанесувате производот на кожата, кој се користи по сончање и после секое туширање, како и пред.

Имено, тие производи имаат исклучително висока способност за хидратација, што и помага на кожата да ја задржи компактноста, со што го одложува лупењето, а со тоа и подолго време го одржува изедначениот тен.

Производите за продолжување на тен може да бидат корисни
Формулите на овие производи содржат активни состојки кои ги стимулираат меланоцитите. Бидејќи меланоцитите се во полн замав кога се изложени на сонце и произведуваат нов пигмент во рок од 2 до 3 дена (што доведува до постепено потемнување на кожата), употребата на производи за потемнување ќе помогне да се постигне златен и долготраен тен. Сепак, конзистентноста е важна за добри резултати – затоа применувајте ги овие производи секој ден.

By Author