Почестете се со вкусно ладно кафе на крајот од работниот ден

Како што ни треба кафе наутро, ќе се согласите дека ни треба и добро кафе на крајот од работниот ден. За жешкиве денови ќе се согласите дека совршено е ледено кафе уште и со чоколадо, највкусното – имате ли изговор да не го пробате?

Состојки:

3 топчиња чоколадо Фереро Рошер
2 шолји еспресо
100 милилитри млеко
крем од сладок лешник
коцки мраз
Состојки за сладок крем од лешник:

200 милилитри млеко
30 милилитри шлаг
2 лажици сируп од лешник
млечна пена
Подготовка на кафе:

Ставете ги коцките мраз во поголемата стаклена чаша во која на крајот ќе го истурите кафето. Истурете 100 милилитри млеко во нео преку мразот.

Во втората шолја ставете две топчиња чоколадо и таа шолја ставете ја во еспресо машината и прелијте ги чоколадите со две дози кафе и почекајте да се растопат. Откако ќе се стопи, претурете го кафето во чашата со мраз и млеко.

За да подготвите крем од лешник, едноставно измешајте ги сите состојки и прелијте преку кафето.

Деталната презентација на чекорите за подготовка погледнете ја во видеото.

By Author