Посна слава не може да помине без белите топчиња.
Рафаелото се топчиња од кокос и бел бадем, создадена од познатиот италијански производител на слатки во 1990 година.
Но, тоа е купувно благо, а генијалните домаќинки смислија посна верзија на убавите кокосови топчиња кои се приготвуваат за славите за време на божиќниот пост – бели залаци кои се топат во устата, а се готови за вчас.
Состојки:
1 обланда
250 гр шеќер
200 мл оризово млеко
200 гр кокосово брашно
125 гр маргарин
2 ванилин шеќер
45 цели излупени печени лешници
Подготовка
Оризовото млеко, ванилиниот шеќер и шеќерот се ставаат да зовријат, па кога ќе се растопи шеќерот се трга од оган и се додава маргаринот исечкан на ленти.
Се меша додека не се растопи, се додава 100 гр кокосово брашно, се меша и се остава да се излади.
Земете обланда во форма на полутопчиња, наполнете ги со фил, на едната половина ставете по еден лешник, спојте по две, па нежно валкајте ги во сварената смеса, па во преостанатиот кокос.
Наредете ги во хартиени корпички и оставете ги да се исушат